Судир на воената парада во Париз, над 150 приведени

(AP Photo/Kamil Zihnioglu)

Граѓанското протесно движење Жолти елеци, но и хулигани во неделата на париските Елисејски полиња се судрија со полицијата, којашто употреби и солзавец, по свечената воена парада по повод прославата на францускиот национален празник 14-ти јули или Денот на падот на Бастилја.

На крајот од традиционалната прослава на националниот празник, десетците протестанти се обиделе да ги отстранат препреките поставени на авенијата, во што ги спречи полицијата и се обиде да ги растера употребувајќи солзавец.

На маргините од воена парада, приведени се вкупно 152 лица. Меѓу нив се и лидерите на движењето Жолти елеци, Жером Родригез и Максим Никол. Тие се приведеи поради „организирање противзаконски протести“. Париското обвинителство објави дека се уапсени на Елисејските полиња. Ерик Друе, уште еден од водечките членови на движењето кое нема формално водсво, бил приведен уште утрото, но одлуката за негово сместување во притвор сѐ уште не е донесена, а полицијата има рок тоа да го стори до понеделник.

Според префектурата, приведените главно се обвинуваат по четири точки. Покрај за организирање недозволени протести, и за насилни дејствија против владини претставници, носење оружје и уништување јавен имот. Во моментов сѐ уште траат споредични судири на Елисејските полиња меѓу полицијата и демонстрантит кои врз неа фрлаат камења и шишиња.

„Оние кои се обиделе да го попречуваат одржувањето на парадата во Париз, треба да се срамат, Четиринаесетти јули е дена на единството на нацијата и тоа треба да се почитува“, изјави во врска со безредијата, францускиот министер за внатрешни рабори, Кристофер Кастанер.