Судир со полицијата на антиковид протестот во Брисел

Protesters react during clashes at a demonstration against the Belgian government's restrictions imposed to contain the spread of the coronavirus disease (COVID-19) in Brussels, Belgium, January 23, 2022. REUTERS/Johanna Geron

Неколку илјади демонстранти, дел од нив од други европски земји маршираа во Брисел изразувајќи го незадолството од мерките воведени во борбата во справувањето во Covid-19, а во ткн европски крал во белгиската и европска престолнина дојде до судир со полицијата која употреби солзавец и водени топови, пренесуваат медиумите.

Неноколку стотици демонстранти, кои се одделиле од главната колона се обиделе да го преобијад кордонот во близина на зградата во Европл, и започнале фрлање петарди и шишиња кон полицијата. Полицијата ја растурика групата користејќи солзавец и водени топови. Дневанта температура во Брисел денеска изнесувал плу 4 Целзиуспови степени, што според локалните закони ја дозовлува температурата водени топови.

Според податоците на полицијата во текот на овој судир биле уапсени 10 лица, и овој инцидент бил изолиран.

На паневропските протести против рестриктивните епидемиолошки мерки во Брисел, кои добија одобрување од локалните власти, учествувале неколку десетици илјади лица, според организаторот на акцијат невлдината организација Светскиот собир за слобода и EuropeansUnited (Обединети Европејци), којашто обединува активисти и од десниот и од левиот политички спектар.

Медиумите известуваат дека во масата демонстранти имало многу луѓе со знамиња на белгискиот регуон Фландрија, црн лав на жолта заднина, кои често се истакнуваат на притестите на приврзанициет на десничарскиет радикални фламански партии.

Организаторите на протестот изјавија дека учествувале луѓе од Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шпанија, Италија, Полска, Романија, како и граѓани од други европски земји кои живеат во Брисел.

„Очекувавме дека повеќе од 100.000 луѓе да излезата на улиците. Гледаме како владите реагират на здравствената криза со мерки коишто го претвораат нашето слободно демократско општество во авторитарно. Се ограничуваат бројни слободи на граѓаните, а се воведуваат мерки како полициски час, што се чинеппе како далечно минато“, вели еден од учсниците на протестот, прогесор од Слободниот универзитет во Брусел (ULB), кој се претставил само како Жак.

„Она што се случува од 2020 година им го отвори очите на луѓето“, рекла Франческа Фанара, жителка на францускиот град Лил. Португалецот Адолфо Барбоса, пак, зборуваше за „здравствена криза“, додавајќи дека му е „срцето полно поради бројот на луѓето кој пристигна“.

Поворката демонстрантите се движепе од Северната станица по бриселските булевари до паркот Синкети, близу Европскиот кварт каде се одржа главниот собир. Должината на трасата беше обезбедувана од полициски кордон, а сообраќајот беше во прекин.

Демонстрантите, биле во поголем број од претходните протести според медиумите кои не наедуваат бројки, пишеле написи против премеир Александер Де Кро и ковид-потврди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.