Судири во Париз, солзавец, апсења и оклопни возила

Протестите на неформалното движење „Жолтите елеци“ во Франција во саботата утрото започнаа драматично, со апсење на 320 лица и фрлање солзавецм, на улиците се распоредени 89.000 полицајци и оклопни возила на француската жандармерија, а истовремено е објавено дека движењето ги надмина границите и денеска ќе се организираат протетси и во Белгија и Холандија.

Француската полиција соопшти дека утрово превентивно се уапсение објаве 320 лица под сомнение дека планирале насилства врз луѓе или уништување објекти. Според некои медиуми, овааа бројка се движи околу 800 приведени лица, Превентивните апсења се спроведени при контролата на личните исправи и претрес на демонстрантите на главните пунктови каде утрово се собираат.

Во делови на Париз дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, по што безбедносните сили употребија солзавец. Во обид да стасаат до Елисејската палата беа пресретнати од полициските сили, по што избија судирите. Првпат по 13 години, француската полиција испрати оклопни воила на улиците на главниот град,

Во Париз затворени за посетителите се главните музеи Лувр, Орсе, Оранжери, етнографскиот музеј Барнли. Попречен е и пристапот до Ајфеловата кула, откажани се многу театарски претстави и други културни манифестации, поради што загубата се проценува на повеќе од 100 илјади евра. На западот од француската престолнина затворен е и посетениот комплекс дворци Версај.

Стотици белгиски полицајци се мобилизирани во Брисел, каде „Жолтите елеци“ минатата седмица се судрија со полицијата и запалија две полициски возила. Тогаш беа уапсени 70 лица. Дел од денешните протести се планирани пред главните институции на Европската унија, кои не работат во сабота, а останатите се закажани за во центарот на белгиската престолнина.

Во Холандија, за денеска се планирани мирни протести во Амстердам и Ротердам.

Ниту една од овие две земји не предложи зголемување на таксите на горивото, што беше катализатор за масовните демонстрации во Франција во последните недели.