Судот без конечна одлука за обвиненијата за „Пуч“

Кривичниот суд нема конечна одлука за обвинителниот акт за случајот „Пуч“, дали ќе има судење или предметот ќе биде вратен на обвинителството? Со него се опфатени петмина, меѓу кои и екс-разузнувачот, Зоран Верушевски, како првоосомничен и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави МРТ.

Верушевски рече дека со вакво обвинение не може да се оди на суд, од причина што, како што вели, не е наведена странската држава за која се вршело наводното шпионирање, ниту има докази за  средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неговиот адвокат побара доказите обезбедени со посебни истражни мерки да се издвојат од списите.

Инаку, осомниченитево случајот „Пуч“ се товарат за шпионажа, неовластено снимање и за насилство спрема највисоки државни органи.