Судот ги отфрли обвинувањата против Тејлор Свифт

Американски сојузен судија во петокот оцени дека се неосновани обвинувањата на диџејот Дејвид Милер против пејачката Тејлор Свифт, којашто ја обвини дека е одговорна за неговото отпуштање од работа, додека и натаму се разгледува нејзината противтужба поради непримерното допирање на нејзиниот задник.

Судијата Вилијам Мартинез од сојузниот суд во Денвер заклучил дека не е докажано оти пејачката е одговорна за отпуштањето на диџејот. Дејвид Милер во тужбата предадена во септември 2015 година бараше 3 милиони долари од Тејлор Свифт, поради губење на приходите и отштета.

Поп пејачката во октомври 2015 година на оваа тужба возврати со противтужба и го обвини Милер за сексуален напад кога во текот на снимање на 2 јуни 2013 година пред концертот во Денвер под фустанот ја фатил за задникот.

Нејзиното обвинување го потврди и нејзиниот тогашен телохранител Грег Дент. Тејлор бара симболична отштета од еден американски долар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.