Судот ја отфрли тужбата на актерката Ешли Џад против Вајнстајн

Судот во Лос Анџелес ја отфрли тужбата на актерката Ешли Џаф против познатиот филмски продуцент Харви Вајнстајн за сексуално вознемирување, но порача дека постапката по тужба за клевета може да продолжи.

Џад го обвини Вајнстајн за клевета уште во 1998 година, откако една година претходно наводно одбила сексуални услуги коишто продуцентот ѝ ги нудел.

Со обвинението од април 2018 година под насловот „Двојна опасност, актерката го товареше Вајнстајн за нарушување на нејзиниот углед, бидејќи го наговорувал режисерот Питер Џексон да не ја ангажира за улога во неговиот блокбастер „Господар на прстените“. Џад е една од првите жени кои во октомври 2017 година јавно го обвинија Вајнстајн за сексуално вознемирување.

Судијата Филип Гутјерез објасни дека врската меѓу актерката Џад со филскиот продуцент не може да ја вклучи под обвинение според законот на сојузната држава Калифорнја, ниту според 2019-от амандман.

„Уште на почетокот велевме дека оваа тужба не е оправдана и мило ни е што така го виде ова и судот. Веруваме дека ќе победиме и оти Џад ќе ги отфрли обвиненијата“, изјави за медиумите Филис Капферстајн, адвокатка на Вајнстајн.

Адвокатот на актерката, Теодор Џи Бутрус помладиот, пак, изјави дека оваа одлука неа да ја урне нејзината тужба,

Вајнстајн беше повикан на суд во мај во Њујорк поради пет тужби, меѓу кои и за силување, Холивудскиот продуцент, познат по низата филмски хитови како на пример „Вљубениот Шекспир“, го обвинија повеќе од 70 жени за сексуални престапи. Тој ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека секој сексуален однос бил остварен со согласност.