Судот ја потврди одлуката на Трамп за регрутирањето трансродови лица

Американскиот Врховен суд во вторникот одлучи дека во право е претседателот Доналд Трамп кој забрани воена служба за трансродовите лица, дозволувајќи ваквата практика да стапи на сила така што ги поништи одлуките на пониските судови кои ја блокираа повикувајќи се на американскиот устав.

Со одлуката на Врховниот суд, донесена со гласовите на пет конзервативни судии наспроти четворицата либерални судии, се одобрува барањето на администрацијата на американкиот претседател Доналд Трамп да се укинат налозите на федералните судии против ваквата политика, додека нејзината легалноста се проверува на пониските судови. Судиите, меѓутоа, го отфлрија барањето тие да одлучат за меритумот на материјата, пред за тоа да пресудат сојузните апелациони судови кои го разгледуваат ова прашање.

Адвокатите коишто ги застапуваат трансродовите лица ја осудија оваа судска одлука. „Повеќе од 30 месеци трансродовите војници храбро ѝ служат на нашата земја, а сега уште еднаш им е истргната почвата од под нозете“, рече Питер Рен, адвокат на здружението „Lambda Legal“, коешто застапува некои од тужителите.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси од Демократската партија, оцени дека забраната којашто ја воспостави претседателот кој беше кандидиран од Републиканската партија „е воведена за трансполовите Американци е смислена за да се понижат храбрите мажи и жени кои сакаа да ѝ служат на својата татковина“.

Претседателот Трамп во 2017 година објави план според кој на трансродовите лица би им било забрането служењето во војската, укинувајќи ја политиката којашто во својата последна година од мандатот во 2016-та ја воведе поранешниот демократски претседател Барак Обама, дозволувајќи им првпат во историјата на САД да служат во армијата отворено и да добијат медицинска грижа којашто ќе ја плати војската за да минат во друг пол. Трамп го аргументираше своето залагање дека служењето на трансродовите лица во војската предизвикува „големи медицински трошоци и нарушувања“.