Судот контра политизираните акции на СЈО: Нема мерки за претпазливост

Судот ги одби мерките за претпазливост за Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Тони Трајковски како неосновани.

По денешниот распит, судот донесе решение дека нема да се применат никакви мерки за првите тројца осомничени за случајот ТНТ.

Основниот суд Скопје 1-Скопје соопшти дека специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, има право да поднесе жалба на оваа одлука во род од 24 часа.

Претходно, СЈО за сите тројца осомничени во вој случај, побара одземање на нивните патни исправи, како мерка на претпазливост.

Груевски по распитот посочи дека специјалното јавно обвинителство и Зоран Заев прават политичка хајка која нема да им успее.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.