Судот ѝ наложи на холандската влада да го укине полицискиот час воведен поради Ковид-19

Холандскиот суд во вторникот и наложи на владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен за ограничување на ширењето на корона вирусот во земјата, пресудувајќи дека не постои соодветна правна основа за тоа.
Полицискиот час, првиот во Холандија по Втората светска војна, предизвика немири против мерката кога беше воведен на 23 јануари.

Полицискиот час е заснован на законот за вонредни ситуации, кога нема време за дебата во парламентот, изјави судот.

Немаше таква итна потреба во овој случај. Далекусежни мерки како оваа мора да се засноваат на соодветни закони.

Судот соопшти дека владата не објаснила зошто е очајно потребен полициски час во оваа фаза од пандемијата, бидејќи стапката на инфекции во Холандија веќе паѓаше пред да стапи во сила мерката.

Холандската влада е под притисок по воведувањето на полициски час на 23 јануари, од 21 до 04:30 часот, што предизвика најсилни протести во земјата во последните 40 години. Минатата недела мерката беше продолжена до 3 март.

Портпарол на Министерството за правда изјави дека владата сè уште ја проучува изненадувачката одлука на Хашкиот окружен суд и дека засега нема коментари.