Судот не ги прифатил разговорите на Боки 13 со Заев

Судот на денешното рочиште не прифати ниту еден доказ на одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“.

Одбраната на Бојан Јовановски за „Пресинг ТВ“ објаснува дека денеска се потврдило тоа и што било очекувано-дека судечкиот совет нема да прифати клучни докази кои се однесуваат на разговори на членови на поранешната, но и на актуелната со познатиот Бојан Јовановски меѓу кои со најважниот, Зоран Заев.

-Отфрлени се сите предлози на одбраната и тоа тие остануваат практично без никакви докази. Дополнително, судот судот прифати некои од предлозите на Обвинителството, пишува порталот.

Бојан Јовановски побара како докази да се презентираат повеќе комуникаци меѓу него и поранешни функционери на власта од вацап апликацијата како што се Љупчо Николовски, Стефан Богоев, Мила Царовска и др.