Судот регистрира нова верска институција во Македонија: „Селефистичката исламска заедница – Дар Ел Хадис“

Покрај Исламската верска заедница, муслиманските верници од 22 декември имаат уште една верска заедница наречена Салафистичка исламска заедница „Дар Ел Хадис“, јавува ТВ Алсат. Оваа телезвизија ја обезбеди одлуката на Основниот граѓански суд – Скопје со која се запиша овој религиозен субјект во единствениот судски регистар за цркви, верски заедници и религиозни групи.

ДОКУМЕНТ НА ГРАЃАНСКИОТ СУД

„Салафистичката исламска заедница „Дар Ел Хадис“, стекнува право на правно лице на денот на регистрација во Единствениот судски регистар за цркви, верски заедници и верски групи за „верска заедница“, која се води во Граѓанскиот суд и може да започне со работа од 22.12.2020 година.“

Одлуката на Судот наведува лице со име Шејк Џемал Јакупи, жител на Скопје. Алсат се обиде да контактира со лицето за кое станува збор, но без успех, било преку лица кои се неофицијално блиски до него. Мотивот за основање на паралелна верска институција не е познат, но адресата која е во документот е во станбена зграда во близина на улицата Џон Кенеди во областа Топанско Поле, Чаир. Регистрацијата на овој верски ентитет предизвика остра реакција од ИВЗ, која смета дека одлуката на судијката Сузана Дончевска е спротивна на релевантните закони и претставува обид за паралелизам во уставната институција на Исламската верска заедница. За ова се информирани и шефот на државата и меѓународната заедница.

„Сметаме дека делото на судијката Дончевска е тенденциозно и со ова дело, таа го прекршила не само Законот за правна положба на црквата, верските заедници и верските групи, туку ја прекршила и правната практика, која за секое основање на верска заедница, мислење треба да даваат петте уставни заедници во Македонија. Законот не дозволува регистрација на две верски заедници кои носат исто име, имаат исти ресурси и учења и ги извршуваат истите религиозни практики“, изјави Евзал Синани, ИВЗ.

Од ИВЗ велат дека тие исто така презеле законски чекори за поништување на одлуката на судијката Дончевска во Апелациониот суд. Од ИВЗ не веруваат дека регистрацијата на оваа верска заедница има политичка позадина, но велат дека одлуката е тенденциозна од самата судијка Дончевска, која, според ИВЗ, претходно изразила слични тенденции против ИВЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.