Судот во Хаг распиша потерница за апсење на Владимир Путин

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налози за апсење на претседателот Владимир Путин и комесарката за правата на децата на рускиот претседател Марија Алексеевна Лавова-Белова, обвинувајќи го рускиот лидер дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Во соопштението, МКС наведува дека постојат „разумни основи“ да се верува дека рускиот лидер „сноси кривична одговорност“ за „военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина до Руската Федерација“.

Во него се вели дека има и „разумни основи“ да се верува дека Лавова-Белова „сноси индивидуална кривична одговорност“ за „военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина до Русија“.

Потерниците се распишани по барање поднесено од обвинителството на 22 февруари.

Судот тврди дека Путин и Лвова-Белова сносат индивидуална и командна одговорност за наводното злосторство според неколку членови од неговиот основачки договор, Римскиот статут. Меѓутоа, како што истакна Захарова, Русија никогаш не го ратификувала статутот и не е под јурисдикција на МКС.

Руската страна никогаш не криеше дека илјадници деца од Украина, од областите на коишто е доминантно руското и рускојазичното население се евакуирани во Русија во рамките на хуманитарни акции за да ги заштити сирачињата и напуштените деца од зоната на судирот, кои добиваат сместување, здравствена заштита и образование. Украина, пак, тврди дека илјадници деца се депортирани и се усвојуваат во руски семејства, сместуваат во кампови и сиропиталишта и се воспитуваат да го отфрлат украинското државјанство.

Русија го потпиша учеството во Римскиот статус за Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 13-ти јуни 2000 година, но истапи од него на 16-ти ноември 2016 година.
Вашингтон тоа го стори 14 години претходно. Тогашниот портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби изјави дека САД сметаат дека тоа е суверена одлука на секоја земја. Москва тогаш оцени дека Трибуналот не ги оправдал надежите кои се полагани во него и дека не станал независно правосудно тело со меѓународен авторитет. Русија, меѓу другото, тогаш образложи дека не може да биде индиферентна кон ставот на Трибуналот од август 2008 година кога режимот на тогашниот грузиски претседател Михаил Саакшвили, кој подоцна по превратот во Киев од 2014-та извршуваше политички функции во Украина, ја нападна автономната кавкаска област Јужна Осетија при што беа убиени руски мировници, а Трибуналот спротивно на тоа, ги обвини руските војници и јужноосетиската милиција.

МКС беше направен по моделот на ад-хок трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.