Балкан

Судот во Приштина одлучи Оливер Ивановиќ да остане во притвор

Судот во Приштина одлучи Оливер Ивановиќ да остане во притвор

Апелациониот суд во Приштина ја потврди одлуката за притвор, кој што Основниот суд во Косовска Митровица му го одреди на Оливер Ивановиќ, поради сомнеж дека направил воени злосторства и тешко убиство, изјавила портпаролката на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ.

Таа потсетила дека на 28-ми јануари, на барање на меѓународниот обвинител од Канцеларијата на специјалниот обвинител на Косово, меѓународниот судија од Основниот суд во Митровица на Ивановиќ му одреди притвор во траење од еден месец.

Адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ, рекол дека го добил одговорот од Апелациониот суд во Приштина со кој што е одбиено неговото барање на Ивановиќ да му се укине притворот и да му овозможи да се брани од слобода.