Судот во Северна Ирска ја отфрли тужбата против брегзитот без договор

Белфаст

Вишиот суд во Белфаст ја отфрли во четвртокот тужбата со која се бара забрана за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија без договор, со образложение дека тој е спротивен на северноирскиот мировен договор од 1998 година.

Случајот е една во низата тужби шурум Велика Британија против стратегијата за брегзитот на премиерот Борис Џонсон, кој најави дека земјата мора да ја напушти ЕУ на 31-ви октомври без оглед на тоа дали обезбедила договор за уредно раздружување.

Претходно во средата високиот апелациски суд на Шкотска пресуди дека одлуката на Џонсон која ја потврди кралицата да го суспендира пет седмица е незаконска, како и дека би требло да биде поништена. На оваа пресуда ќе биде поднесена жалба на Врховниот суд следната седмица.

Рејмонд Меккорд, еден од тројцата кои го поддржуваат случајот во Северна Ирска, рече дека ќе се бори против одлуката со тужба којашто би можела да биде поднесена и разгледана уште во петок и оти се надева дека ќе се приклучи на другите тужби на највисокиот суд на Обединетото Кралство следната седмица.

Правните застапници на Меккорд тврдат дека брегзитот без договор би го прекршил Договорот од Велики петок од 1998 година, кој донесе мир во покраината која е под британска управа, но судијата Бернард Мекклоски рече дека случајот „влегол во занбранетата зона на неправното“.

„Сметам дека овој случај без никакво сомневање има политички карактер.. Практично сите докази припаѓаат на светот на политиката, и националната и наднационалната“, заклучува судијата Мекклоски во пресудата напишана на 68 страници.

Адвокатот кој го застапува владата на Џонсон изјави во понеделникот дека под членот 50 од договорот за ЕУ, обврската за преговарае повеќе не лежи на Брисел туку на нејзините земји членки. Битанските закони од 2017 и 2018 година „претпостауваа но не бараат договор за истапувањето“, рече владиниот адвокат Тони Мекгленан,,

Тужбата во Северна Ирска, исто така, го вклучи и прашањето за суспендирање на парламентот во Лондон, но судот одлучи да го опфати поширокиот случај против излегувањето „без договор“.