Судот во Солун одлучува за екстрадицијата на Грујoвски и Бошкоски

508

Судот во Солун денеска треба да ја објави одлуката за екстрадицијата на поранешните началници во тајната полиција Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, одбраната има право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа.

Обвинителот побарал да се уважи барањето на македонските власти и двајцата веднаш да бидат екстрадирани. Одбраната пак тврди дека не станува збор за вистински обвиненија.

Грујевски и Бошковски во своите искази побараа да не бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравуваат за своите животи и нема да добијат фер судење.

Двајцата ги чекаат уште два судски процеси во Грција, еден за фалсификувани пасоши а вториот околу барањето за азил.

Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина – Таргет“, за кој денеска треба да почне судењето во Кривичниот суд во Скопје, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да ја напуштат Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.