Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на малото дете

Министерството за здравство во врска со смртниот случај во Охрид на дете од година и единаесет месеци соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.

Од МЗ вечерва потврдија дека детето денеска во 07:12 часот било донесено без знаци на живот во Охридската болница.

-На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството.