Судска победа за застапниците за носење оружје на јавни места во Калифорнија

Федералниот апелационен суд во саботата ја потврди одлуката на судијата со која се забранува Калифорнија да го спроведе новиот закон со кој се забранува носење оружје на повеќето јавни места со образложение дека е неуставен.

„Трикот на политичарите за заобиколување на Вториот амандман засега е стопиран“, рече СиДи Мишел, адвокат на групите за правото на оружје.

Апелационите судии на 9-от круг минатата седмица ја поништија одлуката на друг покраински суд со која беше суспендирана судската наредба која утврди дека законот во Калифорнија го прекршува правото на граѓаните од Вториот амандман од Уставот на САД да чуваат и да носат оружје.

Пресудата на апелациониот суд минатата недела, сега поништена, привремено ја суспендираше таа забрана и дозволи законот да стапи на сила на 1-ви јануари, но групите за правото на оружје поднесоа жалба и побараа од 9-от окружен Апелационен суд да го преиспита ова прашање, па во саботата, вториот советот на тој суд го поништил решението на првиот совет за суспендирање на забраната.

Жалбата на државата Калифорнија, сојузна држава во која на власт се демократите, ќе биде разгледана во април.

Јавниот обвинител на Калифорнија во апелот тврдеше дека „десетици милиони Калифорнијци ќе се соочат со зголемен ризик од оружено насилство“ со блокирање на законот. „Оваа опасна одлука ги става животите во Калифорнија на линија“, рече Даниел Виласенор, портпарол на демократскиот гувернер Гевин Њусом, кој го потпиша законот во септември.

Законот доаѓа по значајната одлука на Врховниот суд на САД со конзервативно мнозинство во јуни 2022 година, која ги прошири правата за поседување и носење оружје на национално ниво. Во тој случај, Врховниот суд го укина строгиот режим за дозвола за оружје во државата Њујорк и првпат прогласи дека правото кое произлегува од Вториот амандман да поседува и носи оружје го штити правото на лицето да носи оружје на јавно место за самоодбрана. Калифорнија беше во групате држави со слични закони како Њујорк.

По таа одлука на Врховниот суд, сега суспендираниот закон во Калифорнија стапи на сила на 1-ви јануари со кој им забранува на луѓето да носат скриено оружје во 26 категории на „чувствителни места“, вклучувајќи болници, игралишта, стадиони, зоолошки градини и места за богослужба, без оглед на тоа дали имаат дозвола за носење скриено оружје.

Законот, исто така, им забранува на луѓето да носат скриено оружје во комерцијални објекти во приватна сопственост кои се отворени за јавноста, освен ако управителот на објектот не постави табла што им дозволува на оние кои имаат дозвола за оружје да го носат.