Судски совет ќе расправа за разрешување на Кацарска поради незаконско и непрофесионало постапување

Судскиот совет на своја редовна седница на средата, 26-ти јуни ќе расправа за разрешување на судијката Добрила Кацарска од позицијата судија, велат извори од Судскиот според кои Кацарска ќе одговара за незаконско и непрофесисонално постапување.

Според информациите до кои дипле новинарите на порталот Лидер, Судскиот совет зад затворени врати ќе ја разгледува одговорноста за постапките во одредени ситуации и прекршувањата кои ги има сторено Кацарска.

Во барањето за разрешување на Кацарска се издвојуваат повеќе аргументи за нејзиното непрофесионално и пристрасно однесување. Имено, јавноста се сензибилизираше кога истата и ги закажуваше рочиштата на ексминистерката Јанкулоска едно по друго, а истата беше во ризична бременост.

Истата практика во постапувањето Кацарска ја имаше и во Случајот 27-ми април, каде седниците траеја и по повеќе од 12 часа.

Набиениот распоред за рочишта беше надовр од хуманите услови и принципот на правичност, што имено оневозможуваше истите целосно да бидат подготвени.

Впечатокот на јавноста од сите рочишта каде Кацарска е судија е дека истата брза да ги заврши предметите и да ги осуди обвинетите, воопшто непочитувајќи ја презумпцијата на невиност.

Од страна на опозицијата судството во Македонија почна да се нарекува Кацарска судство, поради тоа што буквално во секој предмет за кој се одлучуваше против некој сегашен или поранешен претстваник на опозицијата судија беше Кацарска, а истата буквално се ставаше на страна на обвинителството, па казните веќе однапред се знаеја.

Се чини со тек на времето Кацарска прерасна во единствен судија кој ги исполнува барањата на власта за судење на политичките неистомисленици, па оттука останува да видиме дали власта ќе врши притисок за заштита на Кацарска и нејзино неразрешување.