Судски совет: Писмена опомена за судија од Врховен и запирање на постапката за судија од Кривичниот суд во Скопје

Избрани тројца нови претседатели на судови

Изрекување писмена опомена за сторена дисциплинска повреда за судија од Врховниот суд и запирање на постапката за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, одлучи на денешната седница Судскиот совет на Република Северна Македонија, постапувајќи по две барања за утврдување одговорност кај судија за нестручно и несовесно постапување.

Во кусото соопштение од Судскиот совет, се вели дека во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Врховниот суд, Судскиот совет одлучи да изрече писмена опомена за сторена дисциплинска повреда, додека во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет одлучи постапката да запре затоа што не утврди елементи за нестручно и несовесно постапување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.