9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Судскиот совет ги оцени заканите на Русковска како мешање во работата на судиите

Од Судскиот совет на Република Македонија во денешното соопштение наведуваат дека се самостоен и независен орган на судството, основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

„Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Рускоска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува:

– Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка; – Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи; – Злоупотреба на правата во судска постапка; – Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото“, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РСМ.