Судскиот совет го разреши претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, Фаик Арслани в.д претседател

Судскиот совет по две години од поднесувањето на иницијативата одлучи да го разреши Јово Вангеловски и од функцијата Претседател на Врховниот суд и од функцијата судија. За оваа одлука гласаа 7 од 10-те члена што имаат право на глас,

Седницата се одржа зад затворени врати и траеше околу два часа. Во извештајот на тричлената комисија предлогот за разрешување бил образложен со нестручно и несовесно извршување на функцијата повразно со постапувањето во случајот со притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Освен Вангеловски, разрешени се и двајца судии, но  претседателот на Судски Совет Киро Здравев не сакаше да ги отркие нивните имиња ниту подетално да ги објасни причините.

На истата седница за в.д претседател на Врховен, Судскиот совет го избра неговиот заемник – судијата Фаик Арслани.  Вангеловски и двајцата разрешени судии имаат право на жалба пред Врховен.

Иницијативата за разрешување на Вангеловски ја поднесе невладината Зелена Лупа кон крајот на 2017та поради тоа што кривичениот совет на Врховен го укина притворот на бизнисменот Сеад Кочан, иако тој беше во бегство како обвинет за случајот Труст. Барањето за заштита на законитоста тогаш го поднесе актулениот прв човек на Советот на обвинители Ацо Колевски, иако дел од експертите ја спореа надлежноста на редовното обвинителство да се меша во случаите на СЈО.