Судскиот совет и обвинителството во рацете на политиката

55

Согласно Законот Судскиот совет во Република Македонија, има својство на правно лице. Тој е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и гарантира самостојнoста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.  

Се забранува политичко организирање и дејствување на Советот

Судскиот совет меѓу другото има надлежност: да ги избира и разрешува судиите; да ги избира и разрешува претседатели на судовите; да утврдува престанок на судската функција; да избира и разрешува судски поротници; да ја следи и оценува работата на судиите; да одлучува за дисциплинските одговорности на судиите; да утврдува нестручно и несовесно вршење на судска функција; да постапува по преставки и поплаки на граѓаните и правните лица за рботата на судиите и слично.

Што покажува практиката

 Практиката за третата власт покажува дека се делува и работи спротивно на законот. Општа е перцепцијата  дека судството во Република Македонија е корумпирано, криминално, зависно од политичките партии на власт, односно подпаѓа под влијние на извршната власт. Евидентни се селективни судења поради што нема правна сигурност, што не е  европска судска пракса.

Селективно или партиско разрешување на судии 

Деновиве Судскиот совет на Република Македонија ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова. По исказот на претседателот на судскиот совет Киро Здравев, причините се:„ ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзината работна обврска, повреда на судскиот деловник, Кодексот на судската етика“. Браво за претседателот на судскиот совет, за вака срочените зборовни искази.

Господин, претседател Киро Здравев, само да ве потсетам, пред неколку месеци (има повеќе од десет месеци), ви доставив преставка бр.03-2163/1 од 31.12.2019 година, и обаена средба  на ден  12.02.2020 година,  со кој конкретно Ве запознав за Основниот суд Струга, кои повеќе од пет години се водат судски прекршочни постапки од страна на Државниот просветен инспекторат против Меѓународниот универзитет Струга. За ова знае и претседателот на судот во Струга. Запознати се и амбасадите во нашава држава, дека повеќето донесени прекршочни постапки се ослободителни. Пресудите се однапред јасни. Не може да се пресуди ништо против струшкиот универзитет, зашто некои судии од струшкиот основен суд, Апелациониот суд-Битола и Управниот суд-Скопје се, или биле вклучени, во активности на овој универзитет. Кон ова треба да се додаде и политичкиот момент поради блискоста на некои политички активисти со овој универзитет. На овој универзитет се констатирани законски пропусти согласно Законот за високо образование со ненострифицирани дипломи на странски студенти, ненострифицирани дипломи и избор во наставно-научни звања, како што е примерот со градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, потоа на нотарката Беса Кадриу во наставно научно звање доцент, понатаму ангажираноста на заменик министерот за внатрешни работи(сега заменик министерот за правда, десна рака на Маричиќ) Агим Нухиу, а градоначалникот дури и во вонреден професор. За какви судии станува збор, каде е нивната професионалност, совесност, независност и правичност?

Исто така, само да ве потсетам, претседател Киро Здравев, Ве запознав за работата и постапките на Основниот суд во Тетово, каде од страна на Државниот просветен инспекторат се поднесени прекршочни пријави за јавни функционери, и тоа против (поранешниот) министерот за образование и наука Арбер Адеми, (поранешниот, сега заменик министер за правда) заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет. Посебно, Ве запознав,  за   судиите Јасмина Лазароска и Хуриете Цека кои  носат ослободителни пресуди. Донесените пресуди од страна на судиите се пристрасни, непочитување на еднаквост и рамноправност и не се врз основа на владеење на правото. Јас би додал дека се тенденциозни и непринципиелни. Исто како што деновиве искажавте за врховната судијка Неделкова.

Само да ве потсетам претседател Киро Здравев. На средбата ветивте дека  ќе постапите по мојата преставка, во кои ви беше презентирана и документирана, согласно надлежноста на Советот и Законот. Да повторам, претседател, на обавената средба на ден 12.02.2020 година,  ми ветивте дека ќе постапите согласно надлежностите на Советот да се превземаат соодветни дисциплински и други мерки, а тоа значи со можност за разрешување на судии, ако се  утврди незаконитост со престанок на судската функција, за дисциплинска одговорност на судиите, за нестручно и несовесно вршење на судската функција.

И дека благовремено ќе бидам писмено известен. Почитуван претседател, до ден денешен 20.02.2021 година, не сум известан ни усно ни писмено од Вас. Слушам, дека некој од нив биле и унапредени бидејќи биле блиски со политиката.

Зоран Заев и „распупеното судство“

 Само да ве потсетам претседателе, Зоран Заев како  премиер изјави дека: „судството го отворил како пупка“, еве мала анализа за распупеното  судство и начинот на напредувањето по политички нарачки: судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје, судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка. Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд.

Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравев (тоа сте вие претседателе), има интересна ситуација, Вие Ќиро Здравев сте унапреден во претседател   на Судскиот совет, судијата Фаик  Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд.

Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување, но на интересен начин постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали. Ова е доказ дека судството е во рацете на политички послушници. Незнам вие каде припаѓате, сигурно во скутот на Зоран Заев!!!. Дали имате кодекс на судска етика?. Дали треба да си поднесете оставка и одговорност за вашето: „ селективно, ненавремено, несовесно работење…политичко работење“. Да треба. Тоа го знаат и македонските амбасади!!!.

Можда не го знаете, ќе го дознаете лицето Гералд Кнаус од европската иницијатива за стабилност истакнува дека: „ поради криминалот и корупцијата на Власта, Македонија не треба да биде поканета на пристапните преговори со ЕУ“. Меѓу другото, истакнува дека: „ потребно е систем на независни јавни обвинители кои сериозно си ја работаат работата и кои  собираат сериозни докази кои на крајот ќе доведат до судска пресуда…“. Понатака, господин Киро Здравев, Кнаус истакнува: „ Владата треба сериозно да поработи на реформите ако сака датум за преговори… и додава: „ Покажете дека имате независен судски систем и владеење на правото, кои е основен услов за стекнување на дел од пазарот“.

Во ова прилика, претседателе на Републичкиот судски совет, сакам да Ве запознаам, иако самите знаете, дека не функционира правото и  правниот систем во Македонија, каде што вие сте претседател на Судскиот совет во Република Македонија.

Со овој мој јавен допис, Ве известувам,  и ги запознавам   македонските средствата за јавно информирање. Секако и македонските амбасади во Македонија, за нашиот македонски трул правен систем.

Очекувам да  одговорите. И да си поднесете оставка.

Пишува: Ѓорѓи Илиевски,
Виш просветен инспектор

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.