Судството марионета на хибридниот режим на СДСМ

Судството, за жал, како никогаш досега ја изгуби својата виститнска цел на постоење, како единствен тампон помеѓу граѓаните и апсолуутната моќ на луѓето кои се на власт.

Последната аудио снимка на која јасно може да се слушне како тој што ја презеде власта од претходната владејачка гарнитура со мотото „нема правда нема мир“ и обвинувањето дека правосудството било заробено, односно управувано од тогашниот премиер, го покажува сето лицемерие на човекот кој не сакал ниту правда, ниту независни институции, туку само чиста власт.

Дека маниплурал со таканареченото движење „Шарена револуција“ се знаеше уште од стартот, сѐ со цел да ја извлече ситуацијата во своја полза, но со последните снимки се зацементира неговата лажна побуда за правда и правичност. За лицата од „Шарената револуција“, тој во една од снимките вели:

„Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све. После мамето ќе им го е*ам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција“.

И, доколку се врати филмот, ова сценарио на Зоран Заев се одвиваше токму по планот… А, избламираните „револуционери“, иако им се тресна болната вистина во лице, молчат, а некои, пак се обидуваат да ја оправдаат својата „победничка“ улога, во која очигледно ни самите не веруваат.

Но, последниот „револуционерен“ шок што им го приреди другарот  „ослободител“, е толку понижувачки од морален аспект (но, ова мора да се занемари бидејќи оваа вреднст е чиста апстракција за неприкосновениот им лидер) но, и кривично дело со кое обвинителството треба сериозно да се позанимава.

А, Заев, и покрај тоа што целата јавност слушна како  договора за местење на судски процеси, без никаква доблест, одговорност и почит кон тие кои му ги дале своите гласови, останува исправеено во трката за премиер на овие парламентарни избори. Ова е нешто што е запрепастувачи и не може да се случи во современти демократски општества.

Заев, и неговите „соборци“ кои тврдеа дека судските процеси се контролирале од кабинетот на тогашниот премиер, Никола Груевски, кои зборуваа за диктатура и потреба од независно судство кое наводно тие сега го ослободиле,  под плаштот на „транспарентност“ и „отчетност“ станаа големи демократи. Па, воедно криминогените и противзаконски активности на својот лидер кој буквално деспотски ја поседува партијата, сега не им пречат. Сѐ во служба на слатката власт, но, на сметка на прогресот на Македонија и нејзините граѓани.

Судството, за жал, како никогаш досега ја изгуби својата виститнска цел на постоење, како единствен тампон помеѓу граѓаните и апсолуутната моќ на луѓето кои се на власт.

Како никогаш досега, се гледа колку е важно правосудството, како брана што не треба да падне, бидејќи во спротивно граѓаните остануваат подложни за сѐ на волјата на неколку поединци.

Иако власта во заминување, посотојано употребува флоскули од типот дека е реформаторска и влада која донела „слобода“ во Македонија, многу е јасно дека државата која не е во состојба да обезбеди независност на судството, па и на другите институции, не може да се смета за демократска и модерна. Дури доби и меѓународно крштевање – Хибриден режим.

А, во последниот снимен разговорот на Заев, демократијата и независноста дефинитивно не се теми.

Но, ниту блиските соработници на Заев, не се далеку од воспоставениот начин на „играње држава“, бидејќи јавноста ја имаше и честа да слушне и како Радмила Шекеринска договара Закон за Јавно обвинителство во домот на тогаш сопственик на телевизија, а сега осуденик за рекет, и тогашната специјална јавна обвинителка, а сега исто така со затворска пресуда во истиот случај.