Сугарески му ја честиташе победата на Јовчески

На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет.

Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп“, напиша Горан Сугарески на фејсбук профилот.