Сугарески на работна средба со претставници од КФВ банката за подобрување на водоснабдувањето

На средбата се разговараше за зголемување на соработка меѓу Министерството за транспорт и врски и КФВ банката во рамките на проектот „Подобрување на водоснабдувањето во општините во Република Македонија“.

На денешниот состанок, Министерството за транспорт и врски обезбеди дополнителни 5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци и Гевгелија.

Исто така се обезбедија 3 милиони евра, заем од КФВ банката за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш како и 4,5 милиони евра грант неповратни средства од програмата на СЕКО – Швајцарија за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар.

Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството за транспорт и врски, обезбедени се вкупно 12, 5, од кои 9,5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините, Радовиш, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија.

Во таа насока Министерството за транспорт и врски ќе продолжи со спроведување на мерки и политики во делот на комуналаната инфраструктура се со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Макеоднија.