Сугарески ниту самиот не си верува дека Владата на СДСМ е способна да гради во услови на криза

Владата на СДСМ ја бележи најлошата реализација на буџетски средства по основ капитални инвестиции. Наместо да ја согледа својата неспособност Сугарески ги обвини временските прилики и неприлики за ниската реализација на капитални проекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Просекот на реализација на капиталните инвестиции за изминатите три години владеење на СДСМ е под 70 проценти. Ова значи дека Владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги трошела расипнички за криминални тендери и грантови задоволувајќи ги интересите на криминалната банда на чело со Заев“, зкалучуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Ниту тој самиот не си верува дека Владата на СДСМ е способна да гради во услови на криза имајќи во предвид дека во нормални услови, кога цела Европа бележеше економски раст и инвестираше во својата иднина, капиталните инвестиции во Македонија беа на катастрофално ниво“.

Сугарески мора да одговори до каде е гасификацијата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, еден од најпромовираните проекти во памфлетот наречен програма „За живот во Македонија“? Потоа и да одговори на прашањето до каде е изградбата на 600 километри автопат во Македонија? До каде е изградбата на пругата кон Бугарија?