Шукер: Фаворитите страдаат поради уморот на играчите

Најдобриот стрелец на Светското првенство во Франција во 1998 година, а сега претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз,  Давор Шукер  има својата теорија зошто најголемите фаворити играат лошо во Русија.

Нешто се случува со фаворитите. Ја гледате формата на Аргентина, Германија и Шпанија, во ФИФА и УЕФА,мораме да се бориме да го намалиме бројот на натпревари. Имаме толку многу натпревари, подготвителни натпревари, Лига на нации… знам дека телевизијата и правата се важни, но треба да го намалиме бројот на натпревари, дециден е Шукер, кој смета дека истото ќе се случи и за две години на Европското првенство, вели Шукер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.