Сум видел работи, во кои вие, луѓето, не би поверувале Рутгер Хауер – 1944 – 2019

На 19 јули, без многу ука и бука во медиумите, почина култниот актер Рутгер Хауер.

Човекот забалежа безброј исклучителни улоги во исто толку филмови кои повеќето беа од пониска продукција, но остави една која ќе го бележи во вечноста. Ликот на репликантот Рој Бати, во Бејд Ранер, кој се побунува, се враќа на земјата и бара од својот креатор подолг живот.

Последните сцени и неколкуте реченици ќе останат врежани во колективнатас свест и филмската историја дури и како филозофско-релогиозно гледање на животот и смртта.

I’ve seen things you people wouldn’t believe.

Attack ships on fire off the shoulder of Orion.

I watched C-beams glitter in the dark near the Tannhäuser Gate.

All those moments will be lost in time, like tears in rain.

Time to die.

Првиот драфт за последниот негов монолог во филмот ни од далеку не е она што го знаете. Рутгер го преработува текстот за да не биде премногу технолошко тропање и да му даде почовечка, попродлабочена димензија, тоа е верзијата која сите ја знаеме и за која е заслужен и он самиот.

Blade Runner останува како еден од најдобрите филмови на сите времиња, а неговата улога рамна на перформансот на Харисон Форд.

Во својата кариера имал навистина импознатен број на улоги, но никогаш не бил во самиот врв на најплатени актери, но така се стекна со слава и почит како култен актер, кој и покрај многуте лоши и добри филмови се здоби со огромна почит кај вистинските љубители на филмот.

Секако најголемите режисери знаеја да го препознаат неговото влијание и затоа се најде во Batman Begins, Sin City и други високобуџетни проекти.

Како библиографски податок е дека во својата кариера остварил преку 170 улоги

Само за тривиа, мојот најомилен филм со него ми е Split Second кој, неверојатно , но го имам и на блуреј оригинал и без титли, оти беше “Б” продукција и не доби голема популарносгт, но мене и ден денес ми е омилен исто колку и Блејд Ранер

Неговото вистинско родено име било – RutgerOelsenHauer и тој почина на 75 години.

Роден
23 јануари 1944 година во Бреукелен, Утрехт, Холандија

Починат
19 јули 2019 година во Беетштерцваг, Хопландија

Го нарекувале Холандски Пол Њумен.

Бог да го прости!