Сунак: Путин требаше да се соочи со лидерите на Самитот на Г20

Британскиот премиер Риши Сунак денеска, на отворањето на средбата на врвот на Г-20 во Бали, оцени дека рускиот претседател Владимир Путин требало да биде подготвен да се соочи со светските лидери на Самитот поради војната во Украина.

На отворањето на Самитот, на кој присуствуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Сунак ја осуди руската инвазија на Украина и нападите врз цивили, предупредувајќи ги светските лидери на заканата за меѓународниот поредок, пишува Гардијан.

Сунак истакна дека е очигледно оти Путин не се чувствува способен да се приклучи на Самитот, а доколку дојдеше, вели тој, можеше да почне да ги решава проблемите поврзани со војната во Украина.

– Еден човек има моќ да го промени сето ова, рече Сунак на Самитот, на кој се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави британскиот весник.