Британскиот премиер Риши Сунак размислува да воведе некои од најстрогите мерки против пушењето во светот, со кои ефикасно ќе и се забрани на следната генерација воопшто да може да купува цигари.
Тој размислува за мерки слични на оние што ги воведе Нов Зеланд минатиот декември. Тие вклучуваат трајно подигнување на законската возраст за пушење, така што тутунот никогаш нема да се продава на некој роден на или по 1 јануари 2009 година – дознава Гардијан.
Политика „Без чад“ во стилот на Нов Зеланд би значела целосен крај на цигарите за следната генерација. За време на поранешната премиерка Џасинда Ардерн, Нов Зеланд, исто така, донесе закони за намалување на содржината на никотин во тутунските производи и принудување да се продаваат само во специјализирани продавници за тутун, наместо во продавници и супермаркети.
Политиките што се разгледуваат се дел од новиот притисок на тимот на Сунак насочен кон потрошувачите пред изборите следната година. Оваа недела премиерот беше критикуван за напуштање на целта на сопствената партија нулта CO2.