Сунак се премисли и ќе присуствува на климатскиот самит на ОН во Египет

Британскиот премиер Риши Сунак ја смени одлуката да не учествува на климатскиот самит во Египет во организација на Обединетите Нации.

Претходно, од неговиот кабинет информираа дека поради  обврски, премиерот нема да може да учествува на Конференцијата на ОН за климата во Шарм ел-Шеик, што почнува в недела.

Сунак денеска на Твитер објави дека ќе присуствува на двонеделната средба во Египет, бидејќи „нема долгорочен просперитет без акција на климатските промени“.

„Нема енергетска безбедност без инвестирање во обновливи извори на енергија“, напиша британскиот премиер.

Неговата одлука да не замине на самитот за климата наиде на критики од многумина, меѓу кои и климатскиот советник Алок Шарма.

Велика Британија беше домаќин на самитот за климата минатата година во Глазгов во Шкотска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.