Сунак: Заврши „златната ера“ на британските односи со Кина

Британскиот премиер Риши Сунак изјави во понеделникот дека завршила ткн „златна ера“ во односите со Кина, оценувајќи дека азискиот гигант и една од двете најголеми светски економии станува „сѐ поголем предизвик“ за британските „вредности и интереси“.

Во своето прво големо обраќање на надворешнополитичката тема, Сунак изјави дека британскиот пристап кон Кина мора постепено да се менува, како и дека Пекинг „свесно конкурира за глобален натпревар користејќи ги сите лостови на државната моќ“.

„Да бидеме јасни, таканаречената ‘златна ера’ е завршена, заедно со наивната идеја дека трговијата ќе доведе до општествени и политички реформи“ во Кина, изјави Сунка во обраќањето во лондонското финансиско средиште Сити, алудирајќи на описот на британско-кинеските односи од страна на поранешниот британски министер за финансии Џорџ Озборн од 2015 година.

Дел од владејачката Конзервативна партија го критикуваше премиерот Сунак, сметајќи го за помалку остар и разборит во односите кон Кина во однос од неговата претходничка на должноста Лиз Трас. Минатата година, додека беше министер за финансии, повика на балансирана стратегија кон Пекинг, со цел да се урамнотежи британската загриженост за човековите права во Кина и проширување на економските вези.

Во меѓувреме, сепак, пропадна планираната средба меѓу Риши Суннак и кинескиот претседател Кси Џинпинг на неодамнешниот самит на Г20 на индонезискиот остров Бали, а Лондон минатата седмица забрани поставување безбедносни камери од кинеско производство на „чувствителни локации“ во владините згради.

„Сфаќаме дека Кина претставува системски предизвик за нашите вредности и интереси, предизвик кој станува сѐ повеќе акутен движејќи се кон уште поголем авторитаризам“, изјави Сунак.

Всушност премиерот алудираше со тоа на известувањето на британскиот јавен радиодифузер BBC за насилството на кинеската полиција врз еден од неговите репортери кој известувал од протестите во Кина.

„Секако, не можеме едноставно да го игнорираме значењето на Кина во светските активности, за глобалната економска стабилност или прашањата како што се климатските промени. САД, Канада, Австралија, Јапонија и многу други, тоа исто така, го разбираат“, рече Сунак алудирајќи на новите мултилатерални воени сојузи, како AUKUS, во кој значителна улога има Велика Британија, а се фокусирани главно на Индопацифичкиот регион со цел да се сузбие регионалното влијание на Пекинг.

Порача дека Велика Британија под негово водство нема да го избере „статус-квото“, како и дека ќе им се спротистави на меѓународните конкуренти и тоа „не со голема реторика, туку со силен прагматизам“.

Кога станува збор за Украина, Сунак рече дека неговата влада и натаму воено ќе го помага Киев и следната година, задржувајќи ја силната поддршка којашто ја даваа неговите сопартијци и поранешни премиери Борис Џонсон и Лиз Трас.

„Значи, не се сомневајте, ние ќе бидеме покрај Украина колку и да биде потребно. Ќе ја задржиме или ќе ја зголемиме нашата воена помош следната година. И ќе пружиме нова поддршка за противвоздушната одбрана“ на Украина, рече Сунак.

Во септември Велика Британија објави дека е вториот најголем воен донатор за Украина, по САД со речиси 17 милијарди долари, со 2,8 милијарди долари до почетокот на војната само годинава, Лондон и Вашингтон не ги објавуваат сумите потрошени на обуките и вооружувањето на украинската војска по превратот во Киев пролетта 2014 година.

Сунак рече и дека Велика Британија мора да заземе „ист долгорочен пристап, како и нејзините противници и конкуренти, како Русија и Кина“. „Соочени со овие предизвици, краткорочноста или постите желби нема да бидат доволни. Не можеме да зависиме од аргументите од Студената војна или пристапите или простата сентименталност за минатото“, порача британскиот премиер.