Сунитските џихадисти планираат да делат заразени медицински маски во Ирак

Припадниците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава планираат да им делат заразени медицински маски на Ирачаните, пренесе во петокот либанскиот телевизиски канал al-Mayadeen повикувајќи се на ирачки разузнавачки извори.

„Исламската држава има намера да дели со помош на наводни лекари и медицински лица заразени медицински апарати и маски“, рекол неименуваниот соговорник на телевизијата.

Џихадистичките милитанти, според изворот, планираат ваквата операција да ја изведат во голем број села „над коишто контролата е проблематична“.

Од своја страна, на официјално барање на телевизијата за коментар од безбедносните структури на Ирак било договортени дека нивните сили планираат да спроведа „проактивна операција“. „Ги предупредуваме Ирачаните да не контактираат со непознати лица и странци“, додале.

На крајот од 2017-та година, ирачките сили и меѓународната коалиција предводена од САД објавија победа над џихадистичката Иламска држава којашто повеќе од три години под контрола држеше огромни територии од Ирак и соседна Сирија. Сепак сунитските терористи сѐ уште под контрола имаат одредени непристапни области на ирачка територија.