Супер анализа за македонското брашно што се увезува во Косово

Министерството за економија утринава побара увозникот од Косово, а зошто не и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер  Крешник Бектеши.

– Утринава имав состанок со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на кој ни ги доставија сите документи, анализи и сертификати кои се направени. Увидовме дека не е направена супер анализа, која согласно процедурите за извоз на брашно во склоп на ЦЕФТА договорот имаат право да ја побараат и направат увозниците на брашно, поточно косовската страна што увезува брашно од кај нас. Ќе чекам да го направат тоа и во текот на денот да ми ги достават и тие документи ако ги имаат – рече Бектеши во одговор на  прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.

Бектеши нагласи дека прашањето ќе го актуелизира во Секретаријатот на ЦЕФТА и дека тој лично ќе се ангажира да комуницира со надлежните министерства во Република Косово.

– Согласно анализите кои се прават од косовската страна забранет е увоз на тој вид на брашно – информира Бектеши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.