Суперкупот за „ПСЖ“ откако го демолираше „Монако“

Фудбалерите на „ПСЖ“ ја почнаа новата сезона со трофеј, откако славеа во Суперкупот на Франција против „Монако“ со 4:0. Натпреварот се играше во кинескиот град Сенжен, а најдобар поединец кај Парижаните беше Агрентинецот Анхел Ди Мариа, кој беше прецизен во 33. минута за водство на „ПСЖ“. Седум минути подоцна погоди Кристофер Н’кинку, па со 2:0 заврши првото полувреме.

Парижаните и во вториот дел продолжија со доминантната игра па синот на славниот Либериец, Џорџ Веа, Тимоти во 67 минута го постигна третиот гол за шампионот. Конечните 4:0 ги постави Ди Мариа во 92. минута.
За „ПСЖ“ настапи новото засилување, Џанлуиџи Буфон, а Нејмар влезе во 76 минута, додека Мбапе и Единсон Кавани не настапија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.