Супертанкерот „Adrian Darya“ бил изнајмен од елитните сили на Иран

Нафтениот танкер под името „Adrian Darya 1“ бил изнајмен од страна на иранскиот Корупс на исламската револуционерна гарда (IRGC), елитниот дел од иранските вооружќени сили, пишува во средата агенцијата ILNA.

Според информациите на агенцијата, супертанекерот „Grace 1“ кој беше повеќе од цел месец задржан на Гибралтар од каде беше ослободен минатата седмица и преименуван во „Adrian Darya 1“, бил изграден во Јужна Кореја. Кога точно бил преземен под владение на иранската Револуционерна гарда, не се прецизира во информацијата.

Властите на Гибралтар го задржаа танкерот „Grace 1“, кој пловеше под знамто на Панама, на 4-ти јули под сомневање дека испорачувал иранска нафта за Сирија, која е под санкциите на Европската унија. Техеран негираше и овој чин го осуди како „државни пиратство“, а на 15-ти август бродот и покрај инсистирањето на САД беше ослободен, а на 19-ти август го напушти Гибралтар и според последните инфорамции плови кон Грција.

Во понеделникот Стејт департментот соопшти во понеделникот дека САД ја предупредиле Грција и другите земји на Средоземното Море на последици од пруижање помош или услуги на екипажот на иранскиот танкер. Вашингтон иранската Револуционерна гарда ја стави на листата терористички организации. Според американската дипломатија, американските власти особено може да направат рестрикции во издавањето визи за субјекти кои би му помогнале на иранскиот танкер.