Супи од нашето детство

ЈУНЕШКА СУПА

Потребни се 3 главици кромид, 300 гр. јунешко месо, 3 компири, 250 гр. зелена боранија, 2 моркова, половина корен целер, лист и корен од магдонос, 1,5 л. јунешка супа, малку морско оревче, 1 ловоров лоист, каранфилче.

Подготовка:
Исечкајте го месото и зеленчукот. Испрежете еден кромид. Листовите магдонос измијте ги и додадете и во тенџере па кратко динстајте. Посипете ги со супата, додaдетe го месото, морското оревче, ловоровиот лисt и каранфилчето, па варете поклопено околу 40 мин. Додадете ги компирот и останатиот зеленчук, па варете уште дваесетина минути. Супата украсете ја со пропржените кругови кромид и ситно исечканиот магдонос.

corbaЧОРБА ОД МЕЛЕНО МЕСО

Потребни се две лаж гриз, 1 јајце, 1 китка магдонос, 1 морков, 400 гр. мелено јунешко месо, половина лаж. кисела павлака, зачини, сол пипер, ловоров лист, сок од лимон по вкус.

Подготовка:
Во тенџере со малку вода ставете да се динста меленото јунешко месо и магдоносот. Додадете ја солтa и зачините, полијте уште вода и оставете ја чорбата на тивок оган. Додадете ги биберот и ловоровиот лист. Изматет ги јајцата, додадете го гризот, половина павлака и малку вода. Оваа смеса додадете ја при крај на варењето, уште малку варете ја чорбата и закиселете ја со сок од лимон.