Супстанции кои предизвикуваат рак се наоѓаат во воздухот во становите

Воздухот што го дишат луѓето во своите домови и на работните места може да биде контаминиран со штетни хемикалии кои предизвикуваат карцином, се наведува во истражувањето на група научници од американскиот Универзитет Род Ајленд објавено во списанието Environmental Science & Technology Letters.

Во студијата научниците го анализирале воздухот во неколку простории во детска градинка, еден дом, остава, продавница за облека, две продавници за теписи, две лаборатории, пет канцеларии, една училница, просторија за складирање и лифт.

Штетните хемикалии означени како PFAS биле открени на речиси сите истражувани локации. Највисоките концентрации се забележани во продавниците за теписи.

Пер- и полифлоуроалкилните соединенија (PFAS) се органски соединенија во кои водородот се заменува со флоур. Врската на јаглеродот со флоурот е многу силна, што ги прави практично неуништливи.

Ваквите супстанции се користат во различни индустрии ширум светот од средината на минатиот век. Соединенијата се популарни во производството на материјали за пакувања, водоотпорни ткаенини за облека, конец за чистење заби, кармини, сенки за очи, средства за чистење теписи…

Тие предизвикуват широк спектар сериозни здравствени проблеми, од рак до неплодност и проблеми во имуниолошкиот систем. Сиве овие супстанции се или екстремно издржливи во животната средина или се распаѓаат во пезистентни токсични соединенија.