Шурата на шпанскиот крал мора да оди во затвор

Шпанскиот врховен суд го осуди денеска Инакија Урдангарин, шура на кралот на Шпанија, на пет години и десет месеци затвор за корупција, со што му ја намали казната за пет месеци која лани му ја досуди судот во градот Палма на островот Мајорка.

Урдангарин (50) поранешен ракометен репрезентативец на Шпанија, беше еден од партнерите во Институтот Noosa преку која се организирале конференции, семинари и спортски настани. Судот утврди дека Урдангарин своето политичко влијание го користел за да добива бизниси на конкурсите. Неговиот партнер и основач на институтот, Диего Торес е осуден на пет години и осум месеци затвор.

Урдангарин е сопруг на Кристин де Борбон, сестра на шпанскиот крал Фелипе Шести. Тој е првиот член на кралското семејство на кого му е изречена казна затвор.

Неговата одбрана поднесе жалба до Врховниот суд на одлуката на судот, а неговата сопруга Кристина исто беше обвинета, а потоа ослободена. Судот утврди дека таа добила нелегален имот преку нејзиниот сопруг и морала да плати казна од 265.000 евра. Оваа сума сега е сведена на 136.950 евра.

Врховниот суд во вторникот го отфрли обвинението против Урдангарина за фалсификување на јавни документи, со што се намали казната за пет месеци. Одбраната се обиде целосно да се ослободи од неа.

Урдангарин, бронзениот медалист на Европското првенство во ракомет во Хрватска во 2000 година, живее во Швајцарија бидејќи беше условно на слобода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.