Сурова реалност за земјоделците по невремето

Оваа траорна глетка е суровата реалност на земјоделците од Свети Николе по вчерашното невреме.

„Над 1 милион евра фрлени во празно за некаков си систем кој не функционира, а штети по производството повторно се огромни. Власта не успеа да ги заштити земјоделските посеви.

Апелирам комисиите веднаш да излезат на терен и да на јапроценат штетата.

Времето на негрижа набрзо завршува. Доаѓа време за одговорност за сета неработа, но и време на одговорно работење“, посочи заменик министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.