Суровиот живот на кожарите од Бангладеш: Умираат пред да наполнат 50 години

Тежок е животот на сиромашните од Бангладеш, кои работат во мизерни услови, во отрови и хемикалии само за два долара дневно.

Бангладеш е една од најсиромашните земји во светот, а често се пишува за несреќните работници во фабриките за текстил. Но, репортерот на „Ал Џезеира“ ја открива тешката судбина на работниците во кожарите кои не дочекуваат ни старост од 50 години. Во еден од најсиромашните квартови има 200 штавилници за кожа.

Од сите тешки, валкани и опасни професии кои ги работат луѓето во Бангладеш за да преживеат најлоша е состојбата на вработените во штавилниците за кожа, кои секој ден работат опкружени со ужасна смрдеа, отровни хемикалии и распадното животинско месо.

Мохамед Рашид вели дека им 14 години, но изгледа многу постаро, Раскажува дека работи во штавилница за кожа за да го прехрани семејството. Тој се помирил со својата сурова судбина, вели дека е неписмен и дека само ова му останува.

„Имам силни болки. Секогаш имам искотини на рацете и нозете. На повредите им нема крај“, вели момчето осудено на тежок живот.

Заработуваат околу два долара дневно. Водата во која газат, без заштитна облека е полна со арсен и сулфати. Од тие хемикалии кожата станува мека и тенка, а се појавуваат и чиреви со гној, болести на респираторниот систем и рак. Според Кхалилур Рахман, радиолог на Универзитетот во Дака, од отровите и хемикалиите  работниците се разболуваат од рак на бели дробови, кожа, нос, на мочен меур.

„Во предградието на Дака, Хазарибагх, има повеќе од 200 штавилници за кожа, а нивниот профит минатата година достигна милијарда долари“, појаснил Абдул Малек од Синдикатот на кожарски работници кој потенцира дека ни сопстевниците, ни Владата не се грижат за здравјето на вработените. Тој рекол дека кожата кои тие ја преработуваат се користи низ целиот свет за изработка на луксузни парчиња гардероба и додатоци.

Според едно истражување за заштита на работниците од Бангладеш, 90 отсто од работните во кожарите умираат пред да наполнат 50 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.