Сушиќ ќе му даде целосна слобода на Лионел Меси

Сафет Сушиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека не подготвува некоја специјална тактика за дуелот против селекцијата на Аргентина и дека Лионел Меси нема да добие директен чувар.

„Тоа беше дилема за мене, но сметам дека не е добра идеја да се жртвува еден играч да го следи само Меси. Тој понекогаш само стои неколку минути на теренот, воопшто не учествува во натпреварот, би било срамота еден играч цело време да стои крај него. Можеби Лео ќе ужива во слободата што ќе му ја дадеме, но верувам дека со колективна игра можеме да го запреме. Не велам дека ќе биде лесно, но ние долго време се подготвуваме за овој меч“, изјави Сушиќ за официјалната веб-страница на ФИФА.