Сузана Спасовска стана баба и се пофали со уникатното име на внуката

Познатата фолк пејачка Сузана Спасовска стана баба. Вчера се породи нејзината ќерка , која се омажи минатата година во октомври, пренесува репортер.мк

Среќната баба на својот Фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.

За потсетување свадбата на Теона со долгогодишното момче Виктор Велковски беше во ресторанот „Везилка“.

Сузе беше највесела од сите – таа запеа и направи вистински џумбуш на свадбата. Теона и Виктор ги запазија македонските адети. Пред свадбата тие беа долго време во врска.