Св. Архангел Гаврил – големиот Господов гласник

Православните христијани денес го слават празникот Св. Архангел Гаврил, именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.

Како што пишува МИА, Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

Св. Архангел Гаврил – благовесник на зачнувањето на Исус Христос

Заедно со Св. Архангел Михаил, Св. Архангел Гаврил е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител.

Светиот Архангел Гаврил е благовесник на зачнувањето на нашиот Бог Исус Христос, Синот Божји. Но, со архангел Гаврил се поврзуваат сите настани што имаат врска со Христовото вочовечување. Тој ја посети Богородица и ја извести дека дошло времето на воплотувањето на Логосот Божји, и дека таа ќе биде Неговата мајка. (види Лк. 1, 26-56) Неговиот спомен Светата православна црква го празнува следниот ден по Благовештение на Пресвета Богородица, односно на 8 април, според новиот (или на 26 март според стариот) календар. Празникот е наречен собор бидејќи тогаш во храмовите се собираат оние што веруваат во него. Заедно со Архангел Михаил тој е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител.

Освен што на Богородица и се јавил во Назарет и и’ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот Исус Христос (Свето Благовештение), тој е познат и со повеќе други јавувања како во Стариот така и во Новиот завет. На Захарија му се јавил и му соопштил дека ќе му се роди син што ќе се вика Јован (св. Јован Крстител), а поради тоа што овој не поверувал го казнил со одземање на гласот до раѓањето на синот.

Св. Архангел Гаврил се празнува на 26-ти јули

Blagovestenie.Markov
Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење.

Православната црква го востановила празникот Собор на Св. Архангел Гаврил што се празнува на 26-ти јули според новиот (или на 13 јули според стариот) календар.

Овој празник се празнува и со домашни служби и со селски собори многу посвечено во однос на 8-ми април поради тоа што овој празник е веднаш по големиот празник Благовештение, и е во негова сенка, а се паѓа и во строгите или тешки Велигденски пости.

Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.