Швајцарија казни пет банки поради манипулација со валутните курсеви

Швајцарските финансиски регулатори изрекоа во четвртокот парични казни за пет најголеми светски банки во вкупен износ од 90 милиони швајцарски франци, поради нарушувањето на пазараната конкуренција во тргувањето со валути.

Тргувачите со валути во петте банки ги координирале во неформални разговори на интернет трансакциите на пазарите на десет валути, меѓу кои американскиот долар, еврото, британската фунта, јапонскиот јен и швајцарскиот франк, соопшти регулаторот COMCO.

Највисоката казна ѝ е изречена на американската „Citigroup“, од 28,5 милиони франци, а ја следат британската „Barclays“ со 27 милиони франци и „Royal Bank of Scotland“ со 22,5 милиони франци. Пониски казни им се изречени на американската „JP Morgan“ од 9,5 милиони франци, и на јапонската MUFJ од 1,5 милиони швајцарски банки.

Во договорите учествувале и трговците од швајцарската UBS, но банката била поштедена од казна, бидејќи ги известител властите за кршењето на прописите. Истрагата, исто така, ја опфатила и швајцарската банка „Credit Suisse“, но таа сѐ уште не е завршана, додаваат швајцарските регулатори.

Европската комисија на оваа група банки им изрече казни уште пред три седмици, и тоа во вкупен износ од 1,07 милијарди евера.