Швајцарија не очекува брз напредок во преговорите со ЕУ

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ули Маурер, ја отстрани можноста од постигнување брзо решение за несогласувањата во преговорите за договорот за партнерство со Европската унија кои го нарушија прекуграничното работење со акциите и односи со главниот швајцарски трговски партнер.

Швајцарскиот претседател, кој доаѓа од десната и евроскептична Швајцарска народна партија (SPP), во настапот на телевизијата SRF во средата вечерта сугерираше дека договорот не е на повидок, особено пред завршувањето на мандатот на сегашниот состав на Европската комисија, кон крајот на октомври.

„Не е важно дали тоа ќе биде наесен или во пролет. Имаме време, а и потребно ни е е време за да добиеме нешто што можеме да го објасниме, разбереме и што ќе им служи на интерсите на Швајцарија“, рече претседателот Ули Маурер.

Брисел ги попречи инвеститорите со седишта во ЕУ од 1-ви јули да тргуваат на швајцарските берзи како резултат на ескапалцијата на спорот околу договорот според кој Швајцарија, која не е членка на ЕУ, би трабало да ги усвојува правилата на единствениот пазар на ЕУ, на што Швајцарија одговори со противмерки.

Доколку во текот на мандатот на Жан-Клод Јункер на чело на ЕК не се постигне договор меѓу Швајцарија и ЕУ, Маурер ќе мора да преговата со идната претседателка на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, која ја познава уште од периодот кога како и и неговата тогашна колешка беше министер за одбрана на Швајцарија.

Меѓутоа, Маурер, која оваа година е на позицијата шеф на државата која се ротира меѓу членовите на Сојузниот совет на Швајцарија, ги отфрла сугестиите дека неговото познанство со поранешната германска министерка за одбрана може да помогне да се надминат споровите.

„Преговорите нема да бидат полесни, само на лично ниво би можело да стана поопуштени“, рече Маурер. Неговиот песимизам придонесува за впечатокот дека политичката пат-позиција би можела набрзо да биде надмината.

Во Берн отпорот кон овој договор, главното швајцарско надворешно-политичко прашање, е видлив и од страна на инаку проеверопскиот лев центар до крајноата десница, а двете страни страуваат дека договорот би можел да гио поткопа швајцарскиот парламент.