Швајцарија со голем пресврт против Белгија им се придружи на Португалија и Англија

По репрезентациите на Англија и на Португалија, пласман на завршниот турнир на Лигата на нациите на УЕФА обезбеди и Швајцарија која во решавачкиот дуел од Групата 3 во Луцерн и покрај тоа што по петнаесетина минути имаше заостанување од два гола на крајот со 5:2 ја декласираше Белгија.

Третата селекција од последниот мундијал во Русија во Швајцарија допатуваа со три бода повеќе и доволен им беше бод па и пораз од еден гол разлика, а веќе во 17 минута Белгијците имаа и два гола предност. Но тоа не беше доволно, затоа што Швајцарија во продолжението со фантастичен пресврт постигна пет голови и пласман на турнирот на најуспешните четири национални селекции.

Белгија поведе уште во 3 минута со голот на Торган Азар кој ја искористи големата грешка на домашниот бек Нис Елведи, кој невнимателно ја врати топката до својот голман. Помладиот брат на ѕвездата на Челзи, Еден Азар, кој настапува за Борусија Менхенгладбах, беше стрелец и во 17 минута за 2:0 со удар од работ на шеснаесетникот.

Меѓутоа, Швајцарија успеа до крајот на полувремето да направи комплетен пресврт. На 1:2 намали Рикардо Родригез од пенал во 26 минута, пет минути подоцна израмни Харис Сеферовиќ, а овој напаѓач на Бенфика со својот втор гол во 44 минута го доведе домашните во водство. Во второто полувреме Швајцарците постигнаа уште два гола, на 4:2 зголеми трагичарот Елведи, а во 84 минута Сеферовиќ постигна хет-трик за 5:2.

Така, двете репрезентации на крајот имаат по девет бодови, но натаму оди Швајцарија бидејќи во Белгија загуби со 1:2 а дома беше подобра со 5:2.

Пласманот за завршниот турнир на Лигата на нациите, кој ќе се игра од 5-ти до 9-ти јуни следната година, обезбедија и Португалија и Англија, додека последниот патник ќе биде Франција или Холандија.

Англија рано попладнето со пресврт над Хрватска и победа од 2:1 на свој терен го изборија првото место во Групата 4, така што на крајот собраа седум бодови, Шпанија шест, а Хрватска четири.

Португалија го освои првото место во Грuпата А пред Италија и Полска. Португалците имаат седум бодови, Италија пет а Полска еден бод, а во вторник во последниот дуел и’ гостува на Португалија.

Последниот патник ќе биде познат во понеделник кога во Гелзеркирхен се среќаваат Германија и Холандија. Германија без оглед на резултатот ќе остане последна и се сели во понизок ранг од натпреварувањто, додека на Холандија и’ е доволен бод за да го освои првото место. Во моментов водат светските шампиони Франција со седум бодови, Холандија има шест, но и подобар меѓусебен сооднос со „лалињата“, додека Германија е последна со еден бод.

Но и покрај тоа што Германија нема шанси да се одлепи од дното на мини-табелата, победата ќе и’ обезбеди позиција на носите на ждребот за фазата по групи за Европското првенство во 2020 година.

Фудбалерите на Белорусија, пак, се изборија за минување во повисоката Лига Ц, благодарејќи на победата од 2:0 кај Сан Марино во Групат Д. Борусија натпреварувањето го заврши со 14 бодови, четири повеќе од второпласираниот Лускембург кој на гостувањето во Молдавија одигра 1:1. Молдавија заврши како трета со девет бодови, доека Сан МАрино е последен без бодови.

Во последниот натпревар без резултатско значење од Групата е во Лигата Б, Австрија како гостин славеше над Северна Ирска со 2:1. Во оваа група Босна и Херцеговина се пласираше за Лигата А со 10 бодови, Австија останува во Лигата Б со освоени 8 бодови, а Северна Ирска испадна во Лигата Ц без ниеден бод.

Во Групата 2 од Лига Ц Естонија со автоголот на Василис Ламбропулос во 44 минута победи против Грција оделевајќи им на нападите на домаќиниет на атинскиот  Олимписки стадион, додека во истата група Унгарија со 2:0 беше подобра од Финска, но сепак Финците се први во групата со 12 бодови, а Унгарците имаат на крајот 10 бодови. Грција остана на 9, а Естонија успеа да собере 4 бодови но ќе се сели во понизок ранг.