Швајцарската централна банка се откажа од Либорот како референтна стапка

Централната банка на Швајцарија (SNB) во четвртокот објави дека се откажува од користењето на тримесечниот Либор како референтен за утврдување на каматните стапки, наведувајќи ја како причинанеговата несигурна иднина, и оти воведува сопствена референтна стапка.

На денешната редовна седница SNB ја потврди експанзивна монетарна политика, чијашто цел е стабилизација на движењето на цените и поддршката на економските активности. Меѓу клучните елементи на таквите политики се негативните каматни стапки со кои деловните банки се принудуваат да ѝ плаќаат на централната банка за чувањето на депозитите, а кои SNB ги задржа на минус 0,75 отсто.

Од SNB, меѓу другото, порачуваат дека негативните каматни стапки и подготвеноста на интервенција по потреба на девизните пазарот остануваат клучни за привлечноста на вложувањата во швајцарскиот франк да се одрќува ниска и со тоа да се ублажи притисокот врз швајцарската валута.

Од промените во досегашната политика, од SNB известија дека од денеска воведуват сопствена стапка, со којашто ќе се заменат целените распони за тримесечниот Либор, и која од сега ќе биде референтна точка при носењето на одлуките во монетарната политика. Таа стапка во моментов изнесува минус 0,75 отсто и моментално одговара на стапката на депозитите по видување која SNB им ја пресметува на деловните банки за чувањето на парите кај централната банка.

„Причината за воведување на стапката на SNB е поради тоа што иднината на Либорот не е сигурна“, се наведува во соопштението на швајцарската централна банка.

Имајќи предвид дека SNB во своите прогнози користи тригодишна временска рамка, а британската управа за надзор над финансиските пазари FCA само ќе гарантира дека Либорот ќе се одржи до крајот на 2021 година, швајцарската центрана банка биле принудена нешто да преземе.

Либорот е глобална референтна каматна стапка којашто влијае на финансиски договори во износ од 500 илјади милијарди долари, од хипотеки до кредити за компаниите, но беше дискредитиран откако многу банки беа обвинети во 2012 година од страна на британските и американските регулатори дека манипулирале со неа. Регулаторите и пазарите имаат тешкотии во развојот на замената за Либорот, потсетува AFP.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.