Свечена академија по повод 75 години на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје

Свечена академија и наставно-научен совет ќе се одржи денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ) по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на оваа високообразовна установа.

Како што е најавено, на свечената академија и свечениот наставно-научен совет, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, министрите за образование и наука и за земјоделство, шумарство и водостопанство Јетон Шаќири и Љупчо Николовски и деканот на факултетот проф. д-р Вјекослав Танасковиќ.