Сведочење за „Рекет“: Цел врв на СДСМ на гости кај Боки 13

Драгана Колевска, куќна помошничка на Боки 13, сведочеше денеска за „Рекет“. Таа откри дека во неговиот стан доаѓале градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, потоа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и пратеникот Александар Кирацовски.

– Доаѓаше и Венко Филипче, Радмила Шеќеринска, Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија и други. Куќата имаше безбедносен видео надзор. Чест гостин беше Зоран Милески, а понекогаш не ни тропнуваше на врата, туку влегуваше внатре. Доаѓаа и новинари од 1ТВ – рече сведокот.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.